Моќните САД ја збришаа Франција на дебито во Чикаго

Во многу моќно издание, домаќинот на Ф6 на Лигата на нации во одбојка, селекцијата на Соединетите Американски Држави ја запиша првата победа. Во Чикаго пред 10.000 гледачи Американците на отворањето на Б групата ја совладаа Франција со 3-1 во сетови (25-16, 25-22, 23-25, 25-21).

Дуелот траеше повеќе од два часа, но во ниту еден од сетовите немаше неизвесност и поквалитетната селекција ги впиша првите бодови. Најдобри поединци кај Американците беа Андерсон и Расел, а кај триколорите се истакнаа Росард и Агиние.

Во групата уште игра Русија која беше слободна во првото коло. Најдобрите две од секоја група ќе играат во полуфиналето в сабота. Во првиот натпревар од групата А, Полска го совлада Бразил со 3-2.