Мојсовски: 2021 е година со големи и историски спортски настани за нас

Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС), Наумче Мојсовски, го честита пласманот на одбојкарската репрезентација на Европското првенство (ЕП) и истакна дека оваа 2021 година е голема за нашата земја и за спортот.

>>> МАКЕДОНИЈА Е НА ЕП: Турција на колена пред нашите „спартанци“!

Некогашниот ракометен репрезентативец на Македонија, а сегашен функционер, вели дека фудбалерите, ракометарите, одбојкарите дошле до големи достигнувања и мора да се застане зад нив без разлика на резултатите.

„Спортот е компетативен, но и во подемите и падовите, секогаш, еднакво му е потребно бодрење и поддршката! Вечерва сме благодарни на нашите ракометари за се` што дадоа досега на СП во Египет, горди сме и веруваме во нив! Вечерва се радуваме и на победата на македонските одбојкари кои ја совладаа Турција со 3-1 и обезбедија настап на ЕУРО! 2021 е година со големи и историски спортски настани за нас! Учествуваме на Европски натпревари во одбојка и фудбал, а играме ракомет на Светско. Горди сме на нашите репрезентации!“, вели Мојсовски.

>>> ВИДЕО: Одбојкарите со „Бисер Балкански“ и оро го прославија новото ЕП!

>>> Николов: Сите жртви се исплатеа, стануваме редовни учесници на ЕП

>>> Ѓорѓиев: Кога бев мал навивавме за други... сега ја имаме нашата Македонија!

Шанса за голем настан во колективните спортови имаат и кошаркарите, кои ќе мора да слават над Естонија со десет разлика во квалификациите или да направат друг подвиг, со тоа што ќе се поколопат резултатите.