Младите одбојкари немоќни во дуелот со моќните Италијанци

Одбојкарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години со пораз го почна вториот круг од квалификациите за Европското првенство 2024. Селекцијата на Кристијан Ристевски и на Ванче Санев загуби во три сета од фаворизираната Италија.

Во Палаерколе во следните два дена Македонија ќе се сретне уште со Грција и со Израел.

Репрезентација на Македонија (кадети): Јован Лука Глигоров, Дамјан Јовановски, Алек Спасовски, Филип Новаков, Јован Милев, Михаил Радевски, Давид Николов,  Дарко Жабев, Лука Ристоски, Тоше Ефремов, Дамјан Миневски, Филип Петрушевски, Семих Кадиров, Александар Зенделски.

Квалификации за ЕП 2024 (одбојкари до 18 години)
Прво коло:

16:00 - Грција – Израел                3-1 (25-22, 16-25, 25-21, 25-13)
19:00 - Италија – Македонија      3-0 (25-11, 25-12, 25-12)

Второ коло (сабота):
16:00 - Израел – Македонија
19:00 - Грција – Италија

Трето коло (недела):
16:00 - Македонија – Грција
19:00 - Израел – Италија