Младите одбојкари ја добија драмата со Молдавија

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 20 години ја совлада Молдавија со 3-2 (25-27, 30-28, 20-25, 25-21, 15-13) на Балканското првенство во Врњачка Бања.

Целиот натпревар беше израмнет и решаваа нијанси, а тие пресудија на страната на нашите одбојкари.

Со биланс од една победа и два пораза досега, селекцијата на Ванче Санев утре ќе игра со Албанија за петтото место во конечното рангирање.  

Ефремов освои 25 поени против Молдавците, Милев заврши со 18, Станков изброја 9, Глигоров 8, Миневски 7, Грковски 6, а Грковски 5 поени.