Младинските селекции во одбојка добија селектори за новите предизвици

Челниците на Федерацијата исто така ги дефинираа и стручните штабови во младинските национални тимови кои ќе имаат акции престојното лето.

Женската селекција до 19 години ќе ја предводат селекторот Александар Митев и Бранка Каленикова. Машката репрезентација до 19 години ќе ја предводи Дејан Стојанов, додека Васе Михаилов и Бесим Реџа ќе бидат негови помошници. Двете репрезентации ќе ја претставуваат Македонија на Балканските шампионати летово.

На Европските Младински Олимписки Игри (ЕМОФ 2025) ќе се натпреваруваат машката и женската селекција до 18 години. Момчињата ќе ги предводат Атанас Милев, Васе Михаилов и Бесим Реџа, додека кај девојките во стручниот штаб се Никола Јаневиќ и Александар Темелковски.

Горан Славков и Виктор Зафиров се тренерите кои ќе ја предводат женската селекција до 16 години на Балканскиот шампионат летово.

Одредено е дека тренер/селектор на репрезентацијата во одбојка на песок мажи/жени се Горан Славков и Димитар Ѓатовски.