Мирасчиев: Подготвени и одморени сме за овој реванш со Орион Старс

Утрешниот ден е историски ден за градот под Исарот и за македонскиот шампион, пред домашната публика ќе одигра натпревар од Лигата на шампиони, Влезот за реваншот меѓу Штип УГД и Орион Старс е бесплатен, со што се очекува исполнување на салата „Џексон“ до последното седиште и огромна поддршка од трибините.

Капитенот Михајло Мирасчиев се надева на понеизвесен меч од првиот..

„Ни следи прв натпревар од овој калибар за Штип. Се надевам, зошто да не и на една понеизвесен натпревар и поддршка од публиката. Екипата влегува подготвена, релативно одморена иако паралелно играме и во домашното првенство. Распоредот е густ, деновите за одмор се недоволни, но екипата е здрава и спремна“, вели Мирасчиев.

Македонскиот шампион кој испиша историја со освојувањето на двојната круна минатата сезона, како и освојување на Суперкупот во Тетово ќе се обиде со поддршка од домашната публика во „Џексон“ да се покаже во подобро светло и да направи чудо против фаворитот од Холандија.