• Зоран Мишевски

Најдобрата одбојкарка на светот, Тијана Бошковиќ ја продолжи соработката со турскиот Езачибаши.
Не се наведува до кога е продолжен договорот, но се претпоставува дека ќе биде најмалку до 2025 година, со плата од 1,4 милиони евра.
„Многу сум среќен што продолжува моето патување со Езачибаши. Се надевам дека ќе ги исполниме сите желби и ќе ги освоиме најголемите трофеи. Верувам во овој тим и сигурна сум дека ќе дадеме максимум за да успее“, изјави Тијана при потпишувањето на договорот.
Српската одбојкарка наскоро ќе го прослави својот 26. роденден, а дресот на турскиот клуб го носи од 2015 година.