Милев: Против висок блок и напад, тешко беше да се игра

Владо Милев, еден од поискусните одбојкари во таборот на Македонија, по поразот од Турција (1-3), втор во рамки на Европското првенство, дебитантско за нас, истакна дека високиот блок и напад на Турција бил проблем за нашиот национален тим на оваа средба.

„Ни падна концентрацијата кога најмногу требаше. Се одразува и заморот во тие одлучни моменти. Не можевме да завршиме како што сакаме и резултатот беше во нивна страна. Турција има доста високи играчи, физички се повисоки од нас, мислам дека тоа беше во тие моменти одлучно. Против висок блок и напад, тешко се игра. Сега за нас следи Русија“, изјави Милев.

Наредниот меч на Европското првенство, Македонија го игра утре попладне од 17:30 часот против фаворитот во групата Русија.