• Мартин Танасковски

Одбојкарската репрезентација на Македонија активно се подготвува за Златната Европска лига. Со новиот селектор Јошко Миленковски се работи за формата, а своите видувања од подготовките ги сподели Владо Милев.
Еден од најискусните играчи во нашиот ростер истакна дека текот на подготовките задоволува и дека одбојкарите се подготвени за предизвиците кои им следат во периодот кој ни доаѓа.
„Влеговме во оваа втора фаза по подоготвките по Маврово и засега се оди во најдобар ред. Радува што здравствениот билтен е добар. Ние го работиме своето, продолжуваме со засилено темпо да тренираме и да работиме на воигрување на екипата и полека да влегуваме во натпреварувачки ритам“, изјави Милев за подготовките.
Првиот предизвик за одбојкарската репрезентација ќе биде настапот во Златната Европска лига, каде следат натпревари со Белгија, Украина и Хрватска. Натпреварите стартуваат на крајот на месец мај, прв предизвик ќе бидат Украинците, против кои ќе се игра на 27 мај.