• Зоран Мишевски
Македонскиот одбојкарски шампион, Струмица, настапите во Лигата на шампионите против грчкиот Олимпијакос ќе ги почне вечерва во својата сала „Парк“. Во старото јато се вратија репрезентативците Филип Маџунков и Стојан Илиев, кои ќе настапувата и во домашното првенство, а боите на Струмица во Лигата на шампиони и евентуално во Купот на ЦЕВ ќе ги брани и Украинецот Роман Волков, кој игра на примачката позиција.
Искусниот Влади Милев ги повика фановите да го поддржат проектот на Струмица и тренерот Ричлиев.
„Ме радува тоа што играме одлична одбојка, бидејќи оваа сезона Струмица е составена од домашни играчи кои долго време се познаваат од нашата репрезентација, Единствен странец е Украинецот Волков, кој одлично се вклопи во тимот. Останува да се подготвиме уште подобро и спремни да го дочекаме Оимпијакос во вторник“, рече капитенот Владо Милев.
Реваншот со грчкиот шампион се игра на 24 септември, а доколку Струмица не успеа да го помине првото коло, тогаш ќе настапува во Купот на ЦЕВ, каде ќе го очекува победникот од средбата меѓу Инсбрук и Капошвар на 1 октомври.
Инаку, одбојарите на Струмица и ракометарите на Пелистер се единствени македонски екипи кои настапуваат во елитните клупски натпреварувања.