• Зоран Мишевски
По денешниот чартер лет од Скопје до Бари, македонската одбојкарска репрезентација пристигна во јужна Италија, каде веќе од вечерва го подготвуваат осминафиналето против Италија.
Момците на Јошко Миленкоски веќе го одработија првиот тренинг, а и утре ќе тренираат во салата во која в сабота попладне ќе играат со „аѕурите“.
„Тоа што го направивме досега за нас е голем успех, пласманот во оваа фаза. Во натпреварот против Италија ќе влеземе за да уживаме, бидејќи играме со една од најдобрите репрезентации во светот и мислам дека тоа треба да биде круна на нашите репрезентативни кариери.
Наше е да излеземе на терен, да го дадеме нашиот максимум, да уживаме бидејќи ретко се игра против вака силни репрезентации и треба кај секој од нас мотивацијата да биде на највисоко ниво и уште еднаш ќе кажам, да уживаме во овој натпревар“, вели искусниот Милев.
Македонија никогаш во историјата не победила светски првак, па против Италија ќе ја има аутсајдерската репрезентација.