• Горан Упале
По Никола Ѓоргиев, уште еден македонски репрезентативец пронајде нов клуб. Примачот Александар Љафтов и официјално е нов член на ПАОК, клуб кој е предводен од македонскиот стратег Јошко Миленкоски.
ПАОК веќе неколку сезони создава екипа која ќе може да им се спротистави на моќните Олимпијакос и Панатинаикос, а Љафтов со својот квалитет и големо искуство секако дека ќе може да му помогне на тимот во остварување на таа цел.
„Среќен сум што се потпишав за ПАОК. Се надевам дека брзо ќе се прилагодам на начинот на кој што игра тимот и заедно ќе успееме да постигнеме големи работи. Исто така, среќен сум што повторно ќе работам со првиот тренер кој го имав во кариерата, Јошко Миленкоски. Многу добро се познаваме. Едвај чекам да започнат официјалните натпревари“, изјави Љафтов по потпишувањето на договорот.
Инаку, Љафтов исто како и Ѓоргиев сезоната ја започна како играч на Струмица, но во македонскиот шампион се задржа многу кратко и одигра само два натпревари.