• Саше Љолес

Селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски, ги собра своите избраници за натпреварите во Европската лига.
На првиот состанок во Крушево се појавија 18 одбојкари, а поголем дел од нив првпат се повикани во A репрезентацијата, и на нив се гледа како дел од иднината на националниот тим.
Според најавите, интернационалците Никола Ѓорѓиев, Владо Милев, Александар Љафтов, Филип Савовски, Филип Манџуков и Стојче Арсов ќе се приклучат на екипата на 13 мај во Скопје.
За разлика од претходните години кога учеството во Европската лига се сметаше како подготовка за некое друго натпреварување, сега сериозно се сфаќа ова учество, особено поради фактот дека е прв дел од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2028 година.
Македонија во јуни ќе ги одигра натпреварите од Европската лига, каде ќе ги одмери силите со селекциите на Холандија, Грција, Луксембург, Исланд, Косово и Израел.