• Горан Упале
Екипата на Фит Фан Волеј продолжува да го засилува својот ростер за новата сезона. Нови членови на тимот се одбојкарките од Србија, Емилија Михајловиќ и Катарина Стаменковиќ
„На наше големо задоволство, во Фит Фан Волеј сезона за нашиот клуб ќе настапуваат две големи засилувања од Србија. Катарина Стаменковиќ, која и претходната сезона успешно го носеше нашиот дрес и ни доаѓа од нашата братска екипата на ЖОК Врање, и Емилија Михајловиќ која во својата богата кариера настапуваше за екипите на ЖОК Врање и суперлигашите ЖОК Клек и ЖОК Нови Сад“, велат од редовите на скопскиот клуб.
Фит Фан Војел претходно се засили со поранешната одбојкарка на Ѓорче Петров, Мила Златановска.