ВИДЕО: Михајловиќ го извлекува максимумот од кадетките на подготовките во Берово

Младата репрезентација на Македонија за одбојкарки до 19 години речиси една недела се подготвува во Берово. Селекторот Ненад Михајловиќ наметна силен ритам, во пресрет на јануарските пријателски натпревари во Србија.

„Овој собир на кадетската репрезетнација се одвива на одлична дестинација, Условите што ги нуди Берово, хотелот „Манастир“ и топлата и функционална сала во целост ги оправдаа нашите очекувања. Сите присутни одбојкарки се во тренажен процес и сите се здрави што особено ме радува во овие околности на пандемија.

Посветеноста на девојките, работната атмосфера, како и одличната комуникација меѓу сите нас, ги прави полесни напорите од петчасовните тренинзи во текот на денот“ , изјави координаторката за женска одбојка, Емилија Терзиевска.

Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство 2022, а целта на националниот тим е да се обиде да избори пласман меѓу најдобрите 12 репрезентации кои ќе се борат за европската титула.