• Зоран Мишевски
Едно големо одбојкарско име официјално ја заврши професионалната кариера.
Македонскиот одбојкарски првак Струмица му се заблагодари на Васе Михаилов за неговиот придонес во развојот на струмичката и македонска одбојка, додека присутните во салата „Парк“ со стоечки аплаузи го поздравија. Во својата кариера Михаилов одигра преку 600 натпревари. Со Струмица освои девет шампионски и осум Куп-титули. Играше во Челенџ, Балкански и ЦЕВ Купот, но и во Лига на шампиони, а беше и репрезентативец на Македонија.
„Твоето лидерство, страст и труд инспирираа многумина и влијанието што го остави и на теренот и надвор од него никогаш нема да биде заборавено. Ти благодариме за сè што даде за ОК Струмица“, напишаа од шампионот на социјалните мрежи.
Михаилов останува во тимот како тренер на младите категории.