• Зоран Мишевски

Милица Кубура, 27-годишна коректорка и членка на српската одбојкарска репрезентација, ја продолжува кариерата во друг клуб во Грција. Дресот на ПАОК од Солун, кој го носеше минатата сезона, го замени со „црвено-белиот“ на Олимпијакос, тим кој од клупата го води италијанскиот стручњак Лоренцо Мичели.
Кубура во досегашната кариера играше во таборот на вечните ривали. Почна во Црвена Звезда, по студирањето на Универзитетот во Флорида се врати во Србија и во 2018 година го облече дресот на Партизан. Потоа се испроба во Германија, во Дрезднер, а последен клуб до денешниот трансфер му беше ПАОК.
Челниците од Пиреја го изразија своето задоволство од ангажирањето на коректорот кој е еден од најдобрите во Европа.