• Мартин Танасковски
Македонската репрезентативка Мери Бошковска се врати во Македонија и кариерата ќе ја продолжи во актуелниот првак Работнички.
По настапите за екипата на Дрита од Косово каде ги мина последните месеци, Мери ќе биде дел од тимот на црвено-белите. Од неа се очекува да помогне со своето искуство, квалитет и победнички менталитет.
21-годишната Бошковска беше еден од столбовите во играта на Јанта Волеј во домашното првенство во ланската сезона, кога тимот ја освои шампионската титула и играше во Куп-финалето.
Во премиерниот настап на европската сцена, како дел од квалификациите на Лигата на шампионите коректорот имаше забележителни настапи и стигна до МВП статус на два натпревари.
Со националниот тим на Македонија, Бошковска учествуваше во квалификациите за ЕвроВолеј 2026, додека настапот во Сребрената Европска лига беше принудена да го пропушти откако заработи повреда за време на подготовките со репрезентацијата. Потоа настапи на Медиретанските игри.
Бошковска низ кариерата беше дел и од У19 и У18 репрезентациите на Македонија.