• Зоран Мишевски
Иако квалификациите за Европското првенство во одбојка за жени ги почна со пораз на домашен терен, нашиот селектор на е незадоволен. Подобри од нашите одбојкарки беа Австријките, кои извојуваа победа во три сета.
Селекторот Стефан Пауновиќ ја потенцираше борбеноста на нашите девојки.
„Покажавме дека може да играме. Австрија е многу поинскусна од нас, а тоа се виде во некои пресудни моменти кога беа многу повнимателни во нападот и на блокот и во одбраната, каде ние некако игравме брзоплето во нападот.
Генерално сум задоволен. За разлика од минатата година сега сме многу поблиску до нив. Оваа наша селекција сега е уште помлада од минатата година. Имавме проблеми во нападот, но статистички бевме подобри од Австрија во приемот и тоа е добра најава за натпреварот со Грција“, рече селекторот Стефан Пауновиќ.
Нашите девојки на 28 август ќе го одиграат вториот натпревар во евро-квалификациите и му гостуваат на селекцијата на Грција.