Матијашевиќ: Оваа предфаза е за да видам на кој од младите одбојкари можам да сметам

Веќе неколку дена македонската одбојкарска репрезентација се подготвува за првото историско Европско првенство, на кое што ќе учествува во септември со групна фаза во Словенија.

Селекторот и човекот кој ќе ни донесе големо натпреварување Никола Матијашевиќ е задоволен како е испланиран периодот на припреми за контитенталниот собир. 

„Започнавме со предфаза подговорки и ќе направиме неопходни тестови за да ги провериме помладите одбојкари. Сакам да видам со каков потенцијал располагаат и колку ќе можеме да сметаме на нив. На располагање имам 16 од 18-те повикани одбојкари, недостигаат само Ѓоко Јосифов, кој не се јави, и Александар Милков, кој е во фаза на рехабилитација по полесната операција на коленото и подоцна ќе ни се приклучи“, смета селекторот.

Македонија е класифицирана во групата Ц во Љубљана заедно со домаќинот на турнирот, Словенија, европскиот првак Русија, Турција, Белорусија и со Финска.