Матијашевиќ: Ни се поклопија „коцките“, го завршивме нашиот дел од работата

Македонскат одбојкарска репрезентација ја запиша најбитната победа во својата историја. Ако пред четири дена бевме тажни по поразот во Украина, вечерва победата над Унгарија ги одведе Никола Ѓорѓиев и другарите на историскиот континентален собир.

Селекторот Никола Матијашевиќ потврди дека одбојкарите собраа концентрација, која лесно можеше да се загуби следејќи ги конкурентите. 

„Ни се наредија „коцките“, овие момци го заслужија големиот успех и Европското првенство. Велев дека квалификациите некогаш мора ни се потрефат, да ни донесат среќа. Ги гледавме натпреварите на Шведска и Летонија, но тое не ни ја одзеде концентрацијата. Бевме одлични и нашиот дел од задачата го завршнивме“, рече селекторот Никола Матијашевиќ.

Maкедонската селекција на 16 јануари ќе ги дознае петте противници на Европското првенство. Ова е историски успех и круна на многу фрустрации, неуспеси за „влакно“, неправди и безброј одбојкарски приказни од осамостојувањето.