Матијашевиќ: Нашата шанса се Турција, Белорусија и Финска (ВИДЕО)

Кога првпат дебитираат на една голема приредби ни кошаркарите, ни ракометарите не се прославија. Сега ред е на одбојкарите и пак ќе ги испратиме со огромни дилеми - можат ли до историска втора фаза или тоа би бил преголем залаг.

За текот на подготовките разговаравме со селекторот Никола Матијашевиќ кој ни откри дел од стратегијата на националниот тим.

„Ако по утрото, денот се познава - добро ќе се подготвиме. Јас сум реалиста и не сум така нлад да верувам во сништа. Имаме искусна екипа, со капитенот Ѓорѓиев, Десподовски, Љафтов, така да мислам дека не се неискусни и нема да биде хендикеп што првпат учествуваме.

Очекувам што и да ни се укаже, дали да земеме еден сет, а потоа зошто не два, па зошто да не да победиме еден натпревар, па друг и тоа води кон втората фаза. Русите се над квалитетот на групата, Словенците се исто така посебна категорија. Нашата шанса се Белорусија, Турција и Финска. Треба да победиме два натпревари за да поминеме во следната фаза. Изненаден сум од Турција и Белорусија, остануваат потенцијални шанси, но многу тешко е да се прогнозира“, вели селекторот.  

  • Погледнете го комплетниот разговорот со селекторот Матијашевиќ: 

Македонија е дел од групата Ц во Љубљана и ќе се соочи со домаќинот Словенија, актуелниот европски владетел Русија, Финска, Турција и селекцијата на Белорусија.

Европското првенство во одбојка годинава ќе се одржи во четири земји-домаќини: Белгија, Франција, Словенија и Холандија. За првпат на контитенталниот собир ќе учествуваат 24 претставници, меѓу кои две репрезентации дебитанти - Македонија и Црна Гора.