Матијашевиќ ја направи првата прозивка, Македонија ги започна подготовките за ЕП

Репрезентативците на Македонија во одбојка ги започнаа подготовките за историскиот настап на Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во Белгија, Словенија, Франција и Холандија.

На првиот собир се појавија 18 одбојкари, со кои селекторот Никола Матијашевиќ ќе се подготвува во Скопје до 22 јуни. Потоа ќе следува одмор до 14 јули, а во август се закажани и неколку пријателски натпревари.

На традиционалниот турнир „Чајка“, Македонија ќе ги одмери силите со Белгија, Украина и Холандија. Во пресрет на континенталниот собир, нашата селекција ќе гостува кај Австрија и ќе одигра два контролни меча.

На дебитантскиот настап на Европско првенство ќе играме во групата Ц заедно со Белорусија, Финска, Русија, Словенија и Турција. Првенството ќе го отвориме на 12 септемви против финската репрезентација.

Европскиот шампионатќе се одржи од 13 до 29 септември, а титулата ќе ја брани Русија.