Матијашевиќ го објави планот за ЕП: Подготовки во Скопје, Маврово и Австрија

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Матијашевиќ ги обелодени деталите околу подготовките на нашиот национален тим за Европското првенство во септември. 

Матијашевиќ поширокиот список ќе го објави следната недела, а Французинот Кристијан Капфер ќе биде приклучен кон стручниот штаб на селекцијата.

Репрезентативците ќе се соберат на 2 јуни и во Скопје ќе тренираат до 2 јули. Потоа одбојкарите се селат во Маврово и ќе работат од 14 јули до 14 август во нашиот зимски центар. Првите тестови пред Европското првенство предвидени се за 30 и 31 август. Имено, во Скопје ќе се одржи меѓународниот турнир „Бранко Хаџи-Иљоски Чајка“ на кој ќе настапат Македонија, Бугарија, Белгија и Украина. 

Завршните подготовки нашата селекција ќе ги одработи во Австрија и Словенија. 

Македонија на Европското првенств е дел од групата Ц која ќе се игра во Љубљана. Наши ривали се домаќинот Словенија, Русија, Турција, Финска и со Белорусија.