Матијашевиќ добива ново име, Милков им се приклучува на одбојкарите

Македонската одбојкарска репрезентација во силно темпо работи на Маврово и се подготвува за Европското првенство (ЕП), а во наредниот период селекторот Матијашевиќ добива уште едно име.

В среда на репрезентацијата ќе и се приклучи Александар Милков. Со него, селекторот Никола Матијашевиќ ќе го има на располагање целиот потенцијал на примачка дијагонала.

Конкуренцијата ќе биде засилена, иако се уште е незивесно дали коленото на Милков ќе може максимално да ги издржи напорите, а со тоа и дали ќе биде во конкуренција за настап на Европското првенство во септември. 

Честа да го носат црвено-жолтиот дрес на континенталниот собир ќе го имаат четиринаесетмина одбојкари.