Манџунков: Ако ни се поклопат коцките можеме да ја изненадиме Италија 

Филип Манџунков, еден од најдобрите македонски одбојкари, го најави вечерашниот историски натпревар на одбојкарската селекција на Македонија. Нашата најдобра репрезентација за првпат ќе игра во елиминациона фаза на еден голем одбојкарски собир, а за противник ја има моќната Италија. 

И покрај фактот што ќе играме против актуелниот светски шампион, Манџунков смета дека доколку коцките ни се поклопат може да се изненади големиот фаворит.

„Возбудени сме. Го играме нашето прво осминафинале во историјата. Играме против актуелниот светскиот шампион, ќе биде тешко, но пред сè ќе биде интересно за играње и за гледање. Се надевам дека ќе извлечема нешто позитивно, можеби еден сет или зошто да не и победа, ако ни си поклопат коцките.

Се надевам дека и на овој натпревар јавноста ќе биде со нас“, рече Манџунков.

Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра во Бари, со почеток од 18:00 часот.