„Македонското дерби“ во Бугарија за Ѓорѓиев, Костиќ собра ново искуство

Македонските одбојкари Ѓорѓи Ѓорѓиев и Лука Костиќ се судрија во Бугарија, а натпреварот заврши со победа на поискусниот.

Ѓорѓи Ѓорѓиев и неговиот Хебер кој е првак за време на викенд-колото се сретнаа со Марек Дупница, во чии редови настапува младиот примач Лука Костиќ. Натпреварот заврши со сигурна победа на Хебер во три сета (25-16, 26-24, 25-20).

Двајцата македонски одбојкари добија минутажа на овој натпревар и се запишаа меѓу поентерите. Интересно и Ѓорѓиев и големиот одбојкарски талент Костиќ постигнаа по три поени на овој дуел.

Хебер по четири кола во Бугарија има скор 4-0, додека Марек има пет меча и скор 2-3.