Македонските тренери во друштво на светските одбојкарски авторитети

Прилагодувајќи се на здравствената ситуација, асо намера да ги одработи сите проекти со максимален потенцијал, Одделот заразвој на ЦЕВ ќе организира трета серија таканаречени вебинари, односноинтернет семинари предвидени за тренерите и за професорите коишто работат сомлади категории. За нас тоа е значајно затоа што активностите се дел одучилиштниот проект на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) во којшто повеќеод една година учествува и Одбојкарската федерација на Македонија. На серијамасовни тренинзи одржани во повеќе градови со учество на основни училишта и наклубови, деца на најрана возраст имаа можност да се запознаат со основните елементина играта како своевидна покана за нив да почнат редовно да тренираат одбојка. Како соработник на ЦЕВ, определбата на ОФМ е безрезервно да ги помага сите коишто сенасочени кон работа со млади категории, а во ова време со низа предизвицикоишто ги носи пандемијата, особено е значајно да се одржи фокусот и да седобие нова перспектива за иднината на одбојката кај нас.

Оттука, Одделот за развој на ЦЕВ ќе организира три вебинари, на десетти, на четиринаесетти и на седумнаесетти декември, со врвни предавачи коишто се светски одбојкарски авторитети. Белгиецот Криштоф Де Лус ќе предава на тема како да се задржи позитивниот пристап во времињата со многу пречки, Данецот Петер Морел ќе зборува за училиштата како еден од начините за успех во регрутирањето таленти, а Србинот Андреја Гериќ ќе ги сподели своите искуства за менталната подготовка на одбојкарите во најмала возраст.

Темите овозможуваат размена на идеи коишто подоцна би биле применливи кај нас за систематски пристап во процесот на селектирање на нашиот одбојкарски потенцијал, а поради добрата соработка со ЦЕВ, ОФМ има можност да пријави неограничен број учесници.