Македонските одбојкарки загубија од Косово во Таранто

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија загуби и во вториот натпревар на Медитеранските игри во Таранто, откако Косово славеше со 1-3 (28-30, 17-25, 25-19, 16-25).

Македонија одигра натпревар со големи осцилации, а проблемите со приемот, играта во поле и недостигот на блок беа клучни за поразот. По првиот сет, кој Косово го доби на разлика, противникот лесно стигна и до 0-2.

Избраничките на Милош Гавриловиќ успеаја да се вратат во третиот сет, во кој по серијата 11-4 и 24-17 намалија на 2-1, но во четвртиот повторно целосно потфрлија и Косово без поголеми проблеми дојде до победа.

Најефикасна во македонскиот состав беше Андротеа Милевска со 20 поени, пред Љиља Ковачевиќ со 15 и Тамара Атанасова со 10.

Ова е трет последователен пораз на Македонија од Косово со 1-3 ова лето, по двата пријателски натпревари во рамките на подготовките за Европската лига. Следниот натпревар Македонија го игра в среда од 19:00 часот против Грција.