• Иван Димовски
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз го заврши настапот во Европската лига пред домашната публика, откако во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Словенија со 0-3, по сетови 15-25, 10-25 и 10-25.
Македонските одбојкарки пружија најсилен отпор во првиот сет, во кој имаа и предност од 12-10. Сепак, Словенките направија серија на поени, го презедоа водството и убедливо го добија воведниот сет. Во продолжението гостинките целосно доминираа на теренот и без поголеми проблеми стигнаа до максимална победа.
Најефикасна во македонскиот состав беше Фасулева со седум поени, додека Андреа Милевска натпреварот го заврши со шест освоени поени.
Македонија го завршува настапот во Европската лига 2026 без победа, со шест порази на шест одиграни натпревари.
ФОТО/PHOTO: ОФМ/Вангел Тануровски