Македонските одбојкари се 49-ти на светската ранг-листа

Македонските одбојкари се 49-та светска сила според актуелната ранг-листа на ФИВБ. Во пресрет на јануарските квалификации за Европското првенство наредната година, нашиот национален состав го задржа пласманот иако пред нас има селекции коишто објективно имаат послаб квалитет. Од противниците во групата за настап на претстојниот континентален собир, највисоко котира Турција која е 29-та, Данска, исто така, се погоре од нас, на 43-тото место, а Босна и Херцеговина е 69-та.

Сепак, ваквото рангирање не значи дека „црвено-жолтите“ не се во кругот фаворити повторен влез во друштвото најдобри репрезентации. Претпоставките се дека македонските одбојкари ќе водат битка за второто место со Данците, иако реномето со двете победи над Белорусија и над европскиот вицепрвак Словенија на претходниот шампионат, зборуваат во прилог на тоа дека оваа генерација има реални амбиции да бара драгоцени бодови и во натпреварите со Турција.

Со оглед на здравствената ситуација, ЦЕВ реши квалификациите да бидат одиграни турнирски, најмалку еден од нив ќе биде во Скопје, а на завршницата ќе одат сите првопласирани и петте надобри второплсирани тимови од седумте групи. Во ваков случај математиката вели дека две победи над Данска со 3-0 или со 3-1 и барем бод од двомечот со Турците би требало да биде доволен за да ја оствариме целта