Македонските одбојкари на 47. место на светската листа

Одбојкарската репрезентација на Македонија не менуваше позиција на најновата одбојкарска светска листа и се наоѓа меѓу најдобрите 50 одбојкарски репрезентации во светот.

Нашиот национален тим се наоѓа на 47-та позиција со вкупно 102 бода. Пред нас се Естонија, Словачка, Грција, Шпанија, Венецуела... додека веднаш зад нас се селекции како Црна Гора, Шведска, Азербејџан, Австрија, Израел...

Најдобра светска селекција е Полска, зад неа се Бразил и Франција, а најдобрата десетка ја комплетираат Русија, Италија, САД, Аргентина, Јапонија, Иран и Словенија.