Македонските кадети ќе играат за пласман од 5. до 7. место на Балканијадата

По неуспехот против Молдавија со 3-1, македонската машка одбојкарска репрезентација за играчи до 18 години го загуби и натпреварот со Бугарија, во последното, трето коло од групата Б на Балканското првенство во Нови Сад.

Противникот важи за серозен кандидат за медал, има позната одбојкарска школа, претходно ја прегази Молдавија, па не е чудно што се радуваше и во пресметката со нас со 3-0 (25-11, 25-19, 25-14).

Избраниците на селекторот Ванче Санев го освоија третото место во својата конкуренција, па утре ќе се соочат со Босна и Херцеговина во првиот меч за пласман од петтата до седмата позиција на Балканијадата за играчи родени во 2005-та или подоцна.

Доколку победат, в сабота ќе сервираат против Романија за петтото место, а со евентуален пораз ќе завршат последни на турнирот.