Македонски судија во пар со Грк ќе суди во финалето на одбојкарскиот Челинџ куп

Македонски судија ќе биде дел од финалето на одбојарскиот Челинџ куп чијашто дата на одигрување допрва ќе се утврди и тоа во пар со арбитар од Грција.

Во мечот за титулата ќе играат Веро Волеј Монца и Белогори Белгород од Русија, а правдата ќе ја дели еден од нашите најквалитетни судии, Никола Мицевски. Пар со Македонецот ќе биде судија од Грција, а се работи за Сотирос Деликостидис.

Тој ќе биде единствен македонски претставник во мечот за трофеј, со оглед на тоа што нема наши одбојкари во двата ростера.