ВИДЕО: Македонски одбојкар во авион ја побара раката на својата сакана!

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Дарко Ангеловски-Шаби не е повеќе ерген, откако на несекојдневен начин ја запроси својата девојка.

Шаби, кој исто така е и професионален пожарникар, раката на својата сакана Меги ја побара за време на еден авионски лет. Тој ѝ приреди изненадување на Меги, а целата ситуација ја објави на социјалните мрежи и напиша: 

„Лесно е долу да се клекне, дојдете во лет да ве видам“.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DarkAngel (@shabskiot)

Инаку, Ангеловски е долгогодишен член на репрезентацијата на Македонија, а покрај неговите квалитети на паркетот, кој е и задолжен за атмосферата во соблекувалната.