Македонската одбојка никогаш подобра на месечното ЦЕВ рангирање

Македонската репрезентативна одбојка продолжува да бележи историски напредок на ЦЕВ листата. Нашиот национален тим го оствари најдобриот пласман во историјата, па со  ноемврискиот скок од две места, стигна до 21-то место на  континентот.

По Европското првенство во Словенија оваа есен годинава и победите над Белорусија и Словенија во групната фаза, македонските одбојкари финално се пласираа на 17-тото место од 24 репрезентации. Пласманот на континенталниот собир скоро да кореспондира на најновото рангирање кое од месец во месец за нас значи подобрување. 

Европскиот првак Србија e лидер во рангирањето, а следат Русија, Полска, Франција и Италија. ТОП 10 листата ја завршуваат Белгија, Словенија, Бугарија, Холандија и Германија. 

  • ТОП 10 рангирање на ноемвриската листа на ЦЕВ: