Македонската одбојка меѓу елитата, во септември ќе играме со гигантите!

Македонија го исполни деценискиот сон и ќе игра на Европско првенство во одбојка за мажи. Проширувањето на континенталниот собир беше добредојдено за нашиот националец тим и наместо 16, сега 24 селекции ќе играат за европската титула која ја брани Франција.

Четири земји ќе го организираат Европското првенство: Словенија, Белгија, Холандија и Франција од 12 до 29 септември 2019 година. Завршниот турнир ќе се одигра во Париз, каде ќе се играат полуфиналните и финалните натпревари.

Учесници на завршниот турнир се: Македонија, Франција, Словенија, Белгија, Холандија, Русија, Србија, Германија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска, Турција, Романија, Естонија, Словачка, Португалија, Белорусија, Украина, Грција, Шпанија, Црна Гора, Финска и Австрија.