ВИДЕО: Македонската „магија“ и смечот на Ѓорѓиев е нај-одбојкарски потег во нашата група!

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра на ново Европско првенство (ЕП) откако квалификациите во Скопје ги заврши меѓу најдобрите второпласирани репрезентации, а два потега на нашиот национален тим се најдоа меѓу најдобрите во групата Ц.

Двапати поен освои Никола Ѓорѓиев и тоа по македонска „магија“, огромна борба за топката и буквално гинење на терен. Погледнете ги најдобрите поени во групата Ц, а оние со поените на Ѓорѓиев се на четвртото и првото место.

  • Најдобрите потези во групата на Македонија:

Одбојкарската репрезентација на Македонија фати континуитет на големата сцена и ова е втор настап во низа на Европските првенства.