Македонија загуби од Турција и нема право на кикс со БиХ

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Турција со 1-3 во сетови (25-16, 18-25, 25-18, 25-12) во рамки на вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство и направи чекор назад во борбата за местото на континенталниот собир.

По триумфот над Босна и Херцеговина, нашиот национален тим не успеа да ѝ сервира одмазда на Турција за поразот на последното Европско првенство кое се одигра во Словенија. Турците беа одлични во сервисот и во нападите, блокот и приемот функционираа онака како што треба, а исто така ретко се грешеше кога се кршеше мечот. За Македонија не е толку проблем загубениот меч, туку загубените три сета со висока разлика.

Турција подобро го отвори првиот сет. Македонија константно бркаше негатива, но не успеа да ја достигне и загуби со 16-25. Во вториот сет, нашиот национален тим блескаше, ја покажа најдобрата одбојка и со 25-18 изедначи на 1-1 во сетови, но по борбениот трет сет кој се загуби (25-18), следеше тотална доминација на Турција и триумф.

Најдобар кај поентерите беше Никола Ѓорѓиев со 16 поени, пред Љафтов исто така со 16 поени, додека Милев заврши со девет, додека кај Турција, Саваж завржи со 13 поени, пред Карасо со седум поени.

Следниот натпревар Македонија го игра утре против Босна и Херцеговина и нема право на никаков кикс. Треба да го добие мечот со „чисти“ 3-0, за да не си го закомпликува патот кон посакуваното Европско првенство.