Македонија вторпат ја преслуша Албанија пред битката за ЕП

Одбојкарската репрезентација на Македонија се разигра пред последните два меча од квалификациите за Европското првенство и забележа триумф без загубен сет и на вториот пријателски меч против Албанија (25-21, 25-21, 25-23).

По триумфот на „затворената средба“, на мечот во СРЦ „Кале“ нашите најдобри одбојкари успеаја уште еднаш да слават сигурно и добро да се подготват за наредниот предизвик, иако во тимот беа Деспотовски и Ѓорѓиев.

Најнеизвесен од сите беше третиот сет, во кој Македонија во финишот се мачеше, му дозволи на противникот да има 22-22, но на крајот се заврши во корист на нашиот национален тим. Најдобар поентер кај Македонија беше Љафтов со 18 поени, додека Милев успеа да реализира 10 поени. Милков го заврши мечот со вкупно осум поени.

Двете средби со западниот сосед беа контрола пред последните два меча од квалификациите за ЕП, против Украина и Унгарија, кои се од голема важност за „црвено-жолтите“, затоа што шанси за прв пласман на континенталниот собир постојат.

Натпреварот меѓу Украина и Македонија во рамки на квалификациите за ЕП се игра на 5 јануари во Запорожје, додека клучниот дуел со Унгарија на кој е потребна победа со најмалку два разлика во однос на сетови, закажан е на 9 јануари во Скопје.