Македонија со втора победа над Израел го најави плеј-офот во Сребрената лига!

Македонија го загуби првиот сет, но се врати посилна и со пресврт успеа да го совлада Израел со 3-1 (25 - 16, 30 - 32, 29 - 31, 23 - 25) пред настапот на завршниот Ф4-турнир на кој нашиот национален тим ќе биде учесник заедно со Данска од групата А.

Првиот сет изненадувачки заврши во полза на Израелците кои отворија подобро и на убедлив начин стигнаа до водство. Македонските одбојкари запишаа само 16 поени, но потоа заиграа во препознатлив стил и направија целосен пресврт.

По тешка борба и неизвесен финиш, Македонија израмни во вториот сет. Во завршницата испушти предност од три поени, па мораше на потешкиот начин да се бори за сетот.

Сличен епилог донесе и третиот сет, кој повторно заврши во полза на нашата селекција. Во финишот македонскиот национален тим врза два поени и стигна до прво водство на натпреварот.

Супер интересен беше четвртиот сет, во кој Израел водеше со 23-21 и имаше позитива во завршницата. Меѓутоа македонските репрезентативци направија серија од четири поени кои значеа конечна победа.