• Горан Упале

Машката сениорска репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за претстојниот настап на Европското првенство, а во следните три дена ќе одигра серија пријателски натпревари против бугарскиот суперлигаш Берое 2016 од Стара Загора.
Македонските репрезентативци денеска, утре и во петок ќе ги одмерат силите со бугарскиот тим во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. За избраниците на селекторот Миленкоски ова ќе биде одлична можност за дополнително воигрување и проверка на моментната форма.
Во договор меѓу двата стручни штаба ќе биде одлучено дали натпреварите ќе бидат од отворен или затворен карактер, односно дали јавноста ќе има можност да ги следи средбите.