Македонија слави медал во одбојка на плажа: Бојана и Мила носат балканско сребро

Еден од најмладите спортови во нашата земја. одбојка на песок, веќе има место во нашата историја. Македонија слави прв медал во одбојка на плажа во својата историја.

Бојана Маројевиќ и Мила Стевановска се враќаат со сребрен медал од Балканскиот шампионат за девојки до 20 години во Косово. Ова е голем успех за Бојана и Мила, кои загубија во финалниот натпревар и мораа да се задоволат со среброто.

Одбојката на плажа е спорт во прогрес во нашата земја и овој медал може само да му помогне да го постигне своето место на популарноста.