• Мартин Танасковски
Женската репрезентација на Македонија со 1-3 (25-23, 24-26, 16-25, 24-26) загуби од селекцијата на Косово во првиот пријателски тренинг натпревар, кој се играше попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонија имаше убаво отворање со водство од 1-0 во сетови, и иако сите сетови се играа тесно и со многу осцилации, противникот успеја да се избори за комплетен пресврт. Во четвртиот сет имавме и сет-топка, 24-22, но не ја искористивме, по што следуваше казна и со 24-26 го загубивме сетот.
Селекторот Милош Гавриловиќ комбинираше константно со поставата и им даде шанса на сите шеснаесет одбојкарки кои ги имаше во составот. Вториот пријателски меч меѓу овие две репрезентации се игра утре (15:00 часот) во Скендерај, на Косово.
ФОТО: ОФМ / Вангел Тантуровски