Македонија против Русија, Словенија, Турција на историското прво одбојкарско ЕП 

Македонската одбојкарска репрезентација пред една седмица го оствари најголемиот успех, откако за првпат се пласира на едно Европско првенство. Избраниците на Никола Матијашевиќ одиграа фантастични квалификации и благодарение на победата во последното коло над Унгарија ја израдуваа нацијата и испишаа нова страница во историјата на овој спорт. 

Континенталниот собир ќе се одржи во четири европски земји (Франција, Белгија, Словенија и Холандија), а вечерва „спартанците“ ги дознаа противниците за групната фаза. 

Македонија, ждрепката во Брисел ја дочека од петтиот шешир, и за свои ривали ги доби селекциите на Словенија, Русија, Финска, Турција и Белорусија.

ГРУПА А: Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија 

ГРУПА Б: Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија

ГРУПА Ц: Словенија, Русија, Финска, Турција, МАКЕДОНИЈА, Белорусија

ГРУПА Д: Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора

Европското првенство се игра оваа година, односно од 13 до 29 септември, а Словенија ќе биде домаќин на нашата репрезентација.