• Мартин Танасковски
Одбојкарската репрезентација на Македонија ги продолжува настапите во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2026 година, а следен ривал ќе биде тимот на Грција.
Овој натпревар за нашиот национален тим е клучен затоа што со евентуална победа ќе се биде многу близу до настап на нов континентален собир. Дуелот со Грците е прв на домашен терен, што дава дополнителен мотив.
Грција во Скопје доаѓа по победата на нашиот национален тим над Грузија во три сета. Заради важноста на мечот, од ОФМ решија влезот за сите љубители на одбојката да биде бесплатен. Средбата ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 20.15 часот.