Македонија отвора со домаќинот и двапати ќе игра во централен термин на одбојкарското ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација го дозна распоредот на натпреварите на Европското првенство, кое следната година ќе се одржи во Бугарија, Италија, Романија и Финска. 

Нашите „спартанци“ предводени од селекторот Јошко Миленковски ќе играат во бугарската престолнина, Софија, каде за противници ќе ги имаат селекциите на Бугарија, Полска, Украина, Израел и Португалија. 

Отвораме на првиот ден на шампионатот и ќе играме против Бугарија во централниот термин од 19:00 часот, а истата саатница ќе ја имаме и во третото коло, кога ќе се сретнеме со Полјаците. Сите останати натпревари ги играме во терминот од 16:00 часот. 

Распоред на сите натпревари на Македонија во групата Б на Европското првенство: 

09.09.2026 - Македонија - Бугарија
11.09.2026 - Македонија - Украина
13.09.2026 - Македонија - Полска
15.09.2026 - Македонија - Португалија
16.09.2026 - Македонија - Израел

Македонија доби тешка група на континенталниот собир, но ќе се обиде да остави позитивен впечаток и добар резултат во елитното друштво.