Македонија немоќна во вториот тест со Австрија и со пораз патува на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз ќе патува на историското прво учество на еден континентален собир.

По одлична партија и сигурна победа од 3-0 на првиот тест со Австрија, вечерва нашите момци не успеаја да ја повторат вчерашната игра и забележаа пораз од 1-3 (25-19, 21-25, 25-20, 25-20) во сетови. 

Во Сент Полтен, каде се играше овој дуел, Македонија стартуваше со негатива од 1-0 во сетови, по што следуваше добра игра и израмнување на 1-1. Сепак, домаќинот влезе во нов ритам и со два врзани сета од по 25-20, славеше сигурна победа од 3-1 во сетови.

Македонија за првпат во историјата ќе игра на едно Европско првенство. Нашите најдобри одбојкари се најдоа во група заедно со Словенија, Русија, Финска, Турција и Белорусија, а првиот натпревар се игра на 12 септември против Финците.