Македонија лесно го „освои“ Тбилиси за перфектен старт на квалификациите

Македонските одбојкари ја остварија првата половина од планот. Одбојкарската репрезентација, водена од селекторот Хари Наковски, со очекувано висока победа над Грузија 3-0 (25-12, 25-14, 25-18) ги почна квалификациите за Европското првенство.

Грузија е тотален аутсајдер и не му даде силен отпор на Никола Ѓорѓиев и друагрите. Македонските одбојкари првиот сет го добија со повеќе од двојно поени, вториот сет го завршивме со 25-14, а третиот со 25-18.

Љафтов со 14 поени беше нашиот најефикасен одбојкар, капитенот Никола Ѓоргиев запиша 12, а Филип Савовски беше автор на 11 поени.

Следниот натпревар на македонските одбојкари е на 25 август на домашен терен против Грција.