Македонија ќе се „остри“ за ЕП со Романија, Шведска, Австрија...

Одбојкарската репрезентација на Македонија го дефинира планот за последни подготовки за Европското првенство (ЕП) кое во септември ќе се игра во Словенија и Франција.

Прво следи двомеч со Романија, а потоа одбојкарите ќе се вратат во Скопје каде што од 23 до 25 август ќе одиграат два натпревара и ќе имаат еден заеднички тренинг со Шведска.

На 30 и 31 август националниот тим ќе се тестира на традиционалниот турнир „Чајка“ на којшто ќе учестуваат Белгија, Бугарија и Украина.

Потоа следува уште еден двомеч, но на гостински терен во Австрија како последна проверка пред Европскиот шампионат кој ќе стартува на